10.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Мицкоски: Изборен модел со 120 изборни единици и со еден изборен круг

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложи денеска изборен модел со 120 изборни единици и со еден изборен круг, така што во парламент би влегол тој што ќе освои најмногу гласови во првиот круг и истовремено го повика премиерот Заев на предвремени избори во март.

„Јас предлагам да прифатиме 120 изборни единици и да одиме на избори. Ако сакаат гласот да биде вреднуван и да имаме демократски избори предлагаме 120 изборни единици, оној кој во прв круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во парламентот. Би било мудро за Заев да го прифати барањето за предвремени парламентарни избори во март. Сега во октомври ќе се одлучува дали ќе добиеме датум за преговори, или нема да добиеме датум, или ќе добиеме само условно меѓурешение. Ајде потоа да формираме техничка влада и да ги подготвиме институциите. Само така ќе можеме да провериме дали блескаме, или блеска криминалот“, истакна Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com