10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Мицкоски во Интервју за „Журнал“: Прво што ќе направам како премиер, ќе ги намалам даноците и ќе се откажам од привилегиите

Најчитани вести

Како претседател на владата на Македонија првата  работа што ќе ја направам е да се откажам од многу привилегии којшто како премиери ги има, можам и таксативно да ви ги набројам, а во делот од економијата прво што ќе направиме ќе го вратиме рамниот данок. Тоа е она што ќе го направиме првата година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“.

Во своето интервју Мицоски запрашан дали размислувал да се намали бројот на вицепремиери и да има еден вицепремиер, тој одговори:

-Постои внатрепартиска дебата посебно во делот на вицепремиер за економски прашања бидејќи некако таа позиција кумулира голема моќ, а во суштина без никакви одговорности. Најчесто се прават експериментални политики коишто немаат никаков резултат, а на сметка на тоа министерството за економија да добие поголема тежина, па дури одиме до таму во иднина да тоа се подели на две помали министерства: министерство коешто ќе третира прашања од областа на минералните  суровини и енергетиката, а другото да  биде министерство за трговија, индустрија и раст. Тие две министерства да бидат практично замена на сегашните позиции  вицепремиер за економски прашања и министерството за економија.

Етничката припадност да не ја правиме професија, да одбереме луѓе кои ќе може да решат проблеми на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на прашањето дали ќе има Албанци во листата на пратеници во ВМРО-ДПМНЕ рече:

– Доколку имаме предизборна коалиција со некоја од албанските партии  да се разбира дека ќе има, но доколку немаме предизборна коалиција ќе нема да има, односно ќе има кандидати за  пратеници коишто ќе бидат пред се таму затоа што имаат технички, професионален квалитет.

Во своето обраќање Мицкоски го истакна следното:

-Јас не би сакал етничката припадност да биде професија, туку треба професијата да биде рефлексија на квалитетот на луѓето и поради тоа тие луѓе треба да бидат или да не бидат дел од тие пратенички листи. Тоа е она коешто јас сакам да го кажам, а коешто  ќе биде поврзано со пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Не добивањето на датум за преговори е казна за погрешните политики на Владата на Заев

Христијан Мицкоски во интервју за „Журнал“ посочи дека не добивањето на датум за преговори за членство во ЕУ е единствено казна за погрешните политики на Заев и неговата влада.

-Има многу арамилук, има многу криминал, има многу корупција во Македонија. Нема реформи, за жал. Реформи, кога велиме реформи на економија мислиме. Мислиме на реформи во образованието, во здравството. Сето  тоа практично е дел од тој мозаик каде што ние како држава добивме „НЕ“ наместо „ДА“ за отпочнување на преговорите, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не е само тоа, знаете вие отиде да коленичи, да моли. А, истиот ден кога отиде во Брисел на шверцерски начин го злоупотребуваше европското знаменце во рамките на Собранието за да донесе измени во Законот за опојни дроги. Каде што нормално главен акцент се става на производството на марихуана. Што треба да донесе определени, дополнителни привилегии за компаниите на семејството Заеви.

-Сето тоа некој го гледа, и бидејќи тоа некој го гледа носи одлуки визави тоа што го гледа. Тоа се политичари кои што не зависат од Зоран Заев и немаат никаква концесија кон Зоран Заев. Да е некој судија или обвинител кој што ќе одлучи да му слугува на Зоран Заев, притиснат уценет. Ќе го гледа она дело кај што бара едно евро за Вицето, едно за црквата, па ќе рече дека не го гледа, не го слушам, не се случило тоа или можеби ќе го амнестира, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека луѓето од надвор го гледаат сето тоа и врз основа на тоа носат одлука. Одлуката е таква каква што е. Има два дена, две изјави на двајца влијателни амбасадори  на земји членки на ЕУ во Македонија кои што јасно кажуваат дека не сте пример во регионот, туку напротив. Има многу работи кои што наведуваат дека има голем криминал, голема корупција, нема реформи во правосудството, тесна врска на поврзаност со политика и правосудство. Односно сето она што тие го критикуваа во минатото и го поврзуваа со режим, сега го надградија, го проширија, го усовршија и уште полошо е денеска.

-Не може да очекувате одлуки кои што ќе бидат онакви како што вие посакувате да бидат. Вие треба да имате квалитет вредности, за да добиете квалитет вредности. За жал кај нас тоа во овој политички естаблишмент раководен од Зоран Заев и СДСМ го нема, нагласи Мицкоски.

Intervistë ekskluzive, Mickoski tregon se a do të ketë shqiptarë në listat për deputetë të VMRO-DPMNE-së

Intervistë ekskluzive, Mickoski tregon se a do të ketë shqiptarë në listat për deputetë të VMRO-DPMNE-së

Posted by ZHURNAL.MK on Friday, November 1, 2019

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com