7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Мицкоски за ДВ: Четири години тапкаме во место

Најчитани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле вели дека Македонија четири години тапка во место и најави средби во Европа за да се направи притисок и придвижување на патот кон Европската унија.

-Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. А во меѓувреме, ако може да се исфрли предметот историја како посебна наука во образованието, зашто на тој начин се сака да се додвори до страната која бара многу повеќе од тоа, и се’ така да се вртиме во круг и подлабоко да тонеме во мочуриштето на власта. Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ. Притоа мораме да бидеме свесни дека сериозно како држава заостануваме во многу реформи. Четири години власта е во рацете на Заев, и четири години имаме тапкање во место, додека регионот и светот има достигнувања и напредоци. Нема време за губење, вели Мицкоски за ДВ.

Појаснува дека освен ЕУ, тема на средбите ќе бидат економските потенцијали особено во оваа ковид-криза.

Во однос на пописот Мицкоски вели дека опозицијата има легитимно право да се сомнева оти власта сака да ги наштелува бројките и процентите.

-Отфрлањето на сите предлози, и нивното насилие како власт, нам ни дава легитимно право да се сомневаме во целите на пописот. И јас тука целосно свесен и за нашата одговорност, би бил многу внимателен во квалификациите и предвидувањата, но можам со сигурност отворено да се сомневам во резултатите на тој попис. И ве уверувам, доколку имаме ваков мафијашки попис, бројките и процентите ќе бидат прашање на декор. ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со процентите од пописот доколку тие бидат реални и израз на фактичката состојба, па какви и тие да биле, но имаме проблем со политички мотивираниот попис кој Заев го турка на сила. Нам ни треба фер и објективен попис, а секој треба да знае дека фалсификат попис кој, пред се’, треба да биде статистичка операција, граѓаните ги чини погрешни проекции за иднината и пари, вели Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести