7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Мицкоски: Заев го чека пораз и одговорност за криминалот

Најчитани вести


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ДВ вели дека избори на 12 април мора да има. Неспособниот радикализам на Заев ќе го заменам со умерен патриотизам, најавува Мицкоски

ДВ: На лидерската средба се договоривте за предвремени избори кои не се брзи, нo во политички кулоари се шпекулира дека можеби ќе нема избори. На што се темелат таквите шпекулации?

Христијан Мицкоски: Прво, ако нема предвремени избори или дојде до одложување, тоа може да го направи парламентарното мнозинство, а тоа значи дека Заев се плаши од пораз. Не се плаши толку од пораз, колку што се плаши од одговорноста што следи по поразот. Убеден сум дека нема да има одложување на изборите, затоа што тоа ќе реферира на вториот дел од одговорот – каков ќе биде кредибилитетот на Пендаровски како претседател, кој не собира и носиме заклучок, ако по тој заклучок, Заев, уплашен за одговорноста за криминалот – одлучува да ги одложи тие избори заедно со парламентарното мнозинство. Каков пример ќе оставиме пред граѓаните, ако одлуките на претседателите на најголемите партии се менуваат по нарачка? Мислам дека нема индиции за такво нешто. Предвремени избори на 12-ти април ќе има, техничката влада на 3-ти јануари ќе се случи. По поразот што ќе го доживее Заев, следува одговорност. Го разбирам, уплашен е, знае што направил, знае што се случувало изминативе три години од аспект на криминал, корупција и сите оние понижувања што и ги нанесе на државата. Треба да биде свесен дека мора да има одговорност.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести