Home » Мицкоски до пратениците на СДСМ: Застанете до нас, не бидете заложници на Али Ахмети!

Мицкоски до пратениците на СДСМ: Застанете до нас, не бидете заложници на Али Ахмети!

by Журнал.мк

Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека СДСМ никогаш не бил во полоша состојба и немал послабо раководство како актуелното кое работи само за провизии од тендери и ги повика пратениците од СДСМ со различен став да се одважат и да не дозволат овие луѓе да ја доведат Македонија во пропаст.

– СДСМ со ова раководство никогаш не бил во полоша состојба, и никогаш немал послабо раководство и тоа е работа на членовите и активистите. Тоа е партија која е присутна на политичката сцена повеќе од 3 децении како наследник на Сојузот на комунисти и има своја традиција и не би било добро овие луѓе кои денеска го водат СДСМ да го згаснат. Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски ги повика да не бидат заложници на Али Ахмети, и да не дозволат повторно Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија.

– Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk