4 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Мицкоски го праша Заев дали уште верува во капацитетите на Јанева

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук по денешната нова снимка од случајот „Рекет“, во која специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно му вели на Орце Камчев да не се грижи, односно дека „сѐ ќе биде во ред“.

„Кога излезе аферата ‘Рекет‘ зборував дека имаме работа со криминален октопод. Денес е совршено јасно дека е така, и тоа е реалноста.

Но што превземаат власта и институциите.

Па така додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто сеуште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот.

Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали сѐ уште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е.

На народот му збогтиса од ваквото блескање на куфер политиката на Заев кој Македонија ја води во амбисот. Ако Македонија беше правна држава, денес главата на октоподот ќе беше со лисици на рацете. Но за жал понижена, украдена, обезличена е нивната приказна за Македонија, но не и мојата, не нашата приказна. Македонија мора да се исправи, а Заев да го поразиме. А после, после се знае, секој според заслуженото, без оглед кој е и од каде е. Ако сакаме напред, а мораме, зошто друг пат немаме.

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!

ПС: И еве еден совет до сеачите на магла до СДСМ, непробувајте да одговорите преку она младо момче, чиј личен долг спрема Заевци, и амбиција во политиката се поголеми од здравиот разум. Не посегнувајте по таква злоупотреба“, пишува меѓу другото Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести