-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Мицкоски: Во црно завија 6 илјади семејства, а Филипче и кривично ќе одговара

Најчитани вести

Ќе дојдат тука и ќе ви велат дека се најдоброто за Тетово, за Македонија, а во суштина тие се најлошото. Зошто? Затоа што завија во црно повеќе од 6 илјади семејства и наместо да градат болници, да набавуваат вакцини, тие трчаа по провизии и го гледате Филипче, наместо да понесе морална и политичка одговорност, тој ги претставува кандидатите, оние мали зоранчиња”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на митинг во Тетово и нагласи дека по изборите Филипче ќе сноси и кривична одговорност.

Мицкоски во контекст на критиката кон министерот за здравство, рече дека „мора да се знае кој е виновен и да се одговара за злоделото што се случи во Тетово, односно горењето на модуларната болница“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека локалните не се обични избори, туку дека на нив се одлучува во која насока ќе се движи државата.

„Вие ќе одлучувате дали политиката ќе продолжи по оваа погрешната,на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или, ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина, патека на вистината, патека по која ќе има и одговорност, не само морална и политичка, туку и кривична“, рече Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com