-2 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Мицкоски во Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со разлика од над 100.000 гласа

Најчитани вести

„Веќе третиот месец поминува откако ја минуваме Македонија, поминавме неколку илјадници километри, поминавме стотици села, поминавме десетици градови ширум Македонија, разговараме со наши сограѓани и можам да кажам дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнаа повеќе од 35.000 писма, сугестии, проблеми, насоки коишто се резултат на оваа наша активност на терен, но и она што стигнува во седиштето на партијата. Со тоа можам да кажам дека ги надмина очекувањата кога всушност ја започнавме оваа наша акција, а тоа беше да добиеме што е можно повеќе сугестии и што е можно повеќе насоки, совети и да ги слушнеме проблемите на нашите сограѓани за да можеме во програмата што ја подготвуваме за следните предвремени парламентарни избори да излеземе со решенија за тие проблеми“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ во Кавадарци.

„За волја на вистината, кога започнавме таму крајот на септември месец сè уште не беше извесно дека ќе има предвремени парламентарни избори иако ние како ВМРО-ДПМНЕ, како најголема политичка партија во Македонија, како опозиција во случајот, континуирано повторувавме и инсистиравме народот на непосредни и предвремени парламентарни избори час поскоро одлучи дали навистина ‘блескаме’ како што вели Зоран Заев или, пак, Македонија никогаш не била во полоша состојба како што велевме ние како најголема политичка партија и како опозиција во Македонија.

Тоа се случи по она фијаско на Зоран Заев и владата којашто тој ја предводи, се охрабри и одлучи заедно со парламентарното мнозинство да се согласат на такви предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година. Зошто го споменувам ова? Затоа што ние ќе ја поминеме Македонија неколку пати до тогаш и ќе се видиме уште неколку пати овде, во Кавадарци, ќе разговараме и на плоштадите и на улиците, ќе разговараме и по месните комитети, ќе разговараме за актуелната состојба во државата, но не треба да заборавиме дека 12 април 2020 година е денот кога граѓаните треба да одлучат дали Македонија ќе продолжи да ја води води неспособен радикал или Македонија ќе ја водат умерени патриоти.
Јас сум убеден во мудроста на граѓаните, јас сум убеден дека граѓаните на сметка не нереализираните ветувања, на сметка на неисполнетите очекувања на сметка на лагите, на сметка на привитимизмот дека декаденцијата, понижувањата и омаловажувањата коишто, за жал, се наше секојдневие, ќе изберат честитост, чесност, ќе изберат иднина што ќе значи обнова на Македонија“, додаде Мицкоски.

Тој рече дека е убеден дека на 12 април ќе победи историски најголемата коалиција во независна Македонија, а тоа е коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и коалицијата за обнова на Македонија.

„И тоа не го зборуваат само анкетите, тоа почнаа да го зборуваат и перјаниците на СДСМ. Го слушнавте оној поразениот претседателски кандидат од изборите во 2013 година којшто вели дека се очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи со разлика од 3 проценти. Но, тука не е искрен бидејќи е од СДСМ и тие не можат да бидат искрени. Разликата е повеќе од 5 проценти, разликата е повеќе од 100.000 гласа и разликата ќе биде доволна за да не се случи желбата на Зоран Заев од постизборен инжинеринг. Идната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја Обновува Македонија.

Кога тргнавме и кога прв пат зимата 2017-та и пролетта 2018-та година ја обиколувавме Македонија, сите ни велеа што правите, готови се, толку е гледате дека поддршка има од Заев од таму, ВМРО-ДПМНЕ е на колена, ќе треба време да застанете на нозе, но денеска сите зборуваат дали ВМРО-ДПМНЕ сама ќе направи влада со 61 пратеник или пак ќе требаат коалициони партнери. Тоа го направивте вие, тоа го направија граѓаните на Македонија, тоа го направија активистите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, затоа што веруваа, затоа што работеа и затоа што знаеја дека ќе успееме, затоа што Македонија нема друга алтернатива освен влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести