Home » Мицкоски: Власта турка бинационална држава

Мицкоски: Власта турка бинационална држава

by Журнал.мк

Под овие услови и со овој парламентарен состав уставни измени нема да има – категоричен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој повика Ковачевски, Груби и Ахмети, доколку го имаат потребното мнозинство, да поднесат до Парламентот барање за промена на Преамбулата и да ја изгласаат, во спротивно побара да си поднесат оставка. Тој и натаму тврди дека со промената на Уставот, власта договорила Македонија да биде бинационална држава. Овие тврдења Мицкоски ги темели од неофицијални информации добиени од членови на работната група која треба да ги подготви амандманите.

Тврдењата на Мицкоски за наводно редефинирање на државата сè уште едни од низата небулози што постојано ги пласира за замајување на јавноста, велат од СДСМ.

„Истата таа опозиција зборуваше дека во државата ќе дошле милиони мигранти, па дека државата ќе се кантонизирала. Потоа кажуваа дека со гласањето на францускиот предлог ќе сме станале бугаризирани и асимилирани, дека македонскиот јазик ќе станел бугарски дијалект. Ништо од тоа не се случи. Откако им потонаа сите лаги за бугаризација и асимилација шират нови небулози, кои само создаваат хистерија и страв, а не прават ништо добро“, велат од СДСМ.

Евроамбасадор Гир оцени дека реформскиот процес не се движи доволно брзо и порача дека тоа е најбрзиот начин земјата да стане членка во Европската унија. Ги повика сите политичари да седнат заедно и да се согласат дека тоа е врвен приоритет. Гир потенцираше дека уставните измени се суверен избор и дека со внесувањето на Бугарите земјата нема да ги изгуби идентитетот и јазикот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се согласува на промена на Уставот, но само по примерот на хрватскиот модел. Овој предлог не доби поддршка ниту од Владата ниту од албанскиот политички блок.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk