4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Мицкоски: Ветуваме изградба и реконструкција на 2000 улици

Најчитани вести

Вкупно програмите содржат 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Поточно гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела, изјави Христијан Мицкоски на отворањето на изборната кампања, на митингот на партијата во Охрид.

Тој говорот го почна со виц, односно како што рече, една сатира, која ја слушнал.

-Отишол вели Заев во едно населено место, ги собира граѓаните, жителите на тоа населено место и им вели кажете ми два проблеми кои што сакате да ви ги решам. И првиот проблем кои што тие го рекле господине Заев овој градоначалникот овдека изминативе четири години не лажеше дека ќе направи водовод, дека ќе направи канализација, но од ветеното ниту трага, ниту глас. Се завртел Заев го земал мобилниот телефон во рака почнал да врти на директори, министри, соработници, да се расправа со проектанти така половина час, овие го гледаат замислено, го гледаат како се препелка те лево, те десно и после половина час спушта слушалицата и вели готово првиот проблем е решен, кој е сега вториот проблем кој што сакате да го решам. Па вика вториот проблем е бидејќи е 21 век сите веќе имаат мобилна комуникација само нашата општина остана отсечена нема мрежа за мобилни телефони, па ако може да обезбедите да има мобилна мрежа за нашите телефони, рече Мицкоски на почетокот од своето обраќање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com