-3 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Мицкоски бара резолуција за јазикот

Најчитани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара Собранието да донесе резолуција за заштита и потврдување на посебноста на македонскиот јазик.

Тој вели дека нивната иницијатива е во Собранието да се донесе заедничка резолуција со консензус за заштита и потврдување на посебноста и автентичноста на македонскиот јазик.

„Впрочем, таквата Резолуција нема да значи никаква претензија, туку потврда за нашето и испраќање на политичка порака дека како држава сепак имаме кичма и свој јазик различен од сите други, по кои се препознаваме и разликуваме од останатите. За ваквата Резолуција е добро да се изјасни и Зоран Заев и се надевам дека овој пат нема да се двоуми и молчи како што тоа го прави за предлогот за ограничување на амнестијата, испитување на имот на политичарите, кандидат мандатар и измени на Законот за јазици во склад со Венецијанската Комисија и Уставот“, напиша Мицкоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Од БАН беше изнесен став дека македонскиот јазик не постои, туку тој според нив е дијалект на бугарскиот јазик.

На оваа тема ќе разговараат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести