33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Мицкоски бара предвремени избори сега и попис во 2022

Најчитани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска побара предвремени парламентарни избори и предложи пописот да се одржи во март или во април 2022 година.

„Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим. Потребно е ново мнозинство кое ќе ја извади Македонија на прав пат“, рече Мицкоски, и додаде дека, според нив, „се можни предвремени парламентарни избори заедно со локалните“.

Мицкоски се осврна и на најавениот попис и рече дека неговата партија не е за бојкот туку за одложување на пописот.

„Попис треба да има пролетта во 2022 година, во март или април. До тогаш ќе имаме фингер принт терминали кои веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат, имаат можност да направат електронски попис со точност од 5 отсто, односно да попишат 95 отсто од населението, а само 5 отсто да го посетат“, рече Мицкоски.

Власта и понатаму останува пописот да се спроведе годинава, ветувајќи чиста статистичка операција, која, како што пред неколку дена рече премиерот Зоран Заев, е во основата на развојот на државата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести