17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Мицевски: Прашајте го Боки 13 како ќе ми ги врати парите

Најчитани вести

Два часа бизнисменот Сиљан Мицевски денеска даваше исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал во врска со случајот „Рекет”. Мицевски беше повикан во Обвинителството од обвинителката Русковска како лице кое треба да даде потребни известувања.

Прашајте го Бојан како ќе ми ги врати парите, кажа Мицевски, на новинарско прашање на кој начин очекува парите да му бидат вратени.

Тој негира дека имал средба со Боки 13 и рече дека партите ги префрлил преку банка директно на сметка на Сојузот.

Претходно денеска кај обвинителката Русковска беше и водителката Лила Филиповска, блиска пријателка на Боки 13 и члесто пати беа заедно на најразлични манифестаци и на заедничики патувања.

Филиповска не одговори дали била заедно во автомобилот со Боки 13 беше приведен на граничниот премин Богородица и дали имало торба со пари, ниту пак, дали го посетила во притворот во Шутка, каде Боки 13 е веќе втор месец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести