Home » Мицевски: Го охрабруваме Ковачевски предлогот за уставни измени веднаш да го пушти во Собрание

Мицевски: Го охрабруваме Ковачевски предлогот за уставни измени веднаш да го пушти во Собрание

by Журнал.мк

И денеска акцијата „Ова е Македонија за сите“ продолжува во општина Лозово, ги посетивме населените места Милино, Дорфулија и Каратманово, повторно истите проблеми и повторно истиот молк од страна на власта, изјави кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од теренската активност во општина Лозово.

Тој посочи дека луѓето секојдневно се соочуваат со егзистенционални проблеми.

Имаат проблем со магитрален канал и водата за наводнување, имаат проблем со основниот продукт, водата од хидросистемот Злетова и имаат проблем со откупот на грозјето. Власта нема слух за овие граѓани, истакна Мицевски.

Мицевски потенцираше дека тоа е истата власт која нема слух за мнозинството граѓани кога се во прашање уставните измени.

Видовме дека вчера фамозната работна група составена само од експерти од владејачките партии донесе предлог з аиницијатива за промена на Устав. Го охрабруваме Ковачевски да не се плаши истиот тој предлог да го помине на влада и веднаш да го пушти во Собрание. Очекуваме дека во моментот кога ќе види дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени да поднесе оставка и да побараме предвремени избори, изјави Мицевски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk