Home » Михајловски: Луѓе кои не биле достојни за вршење судска, обвинителска функција не можат да бидат и адвокати

Михајловски: Луѓе кои не биле достојни за вршење судска, обвинителска функција не можат да бидат и адвокати

by Журнал.мк

Кој треба, а кој да биде адвокат? Но и кој треба да дели правда? Адвокатите и стручните соработници бараат скратена обука на академија за да бидат бирани за судии. Предлог законот за адвокатура заглавен во Собранието. Гости во вечерашната Топ Тема се Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора, Валентин Зафиров, адвокат и Дељо Кадиев, адвокат.

„Дел од стратегијата за реформи во правосудскиот систем и квалитетот на човечките ресурси и многу важно. Со овој член сакавме да постигнеме во адвокатурата да влезат кадри кои ќе имаат интегритет да застапуваат странки во постапката. Тоа знчи луѓе кои не биле достојни за вршење судска, обвинителска функција или нотарскска, логиката е дека не можат да бидат и адвокати. Само доколку има судска одлука или дисциплинска постакна, а ако му завршил мандатот на одрефена функција тој е добредојден во адвокатурата. Зборуваме за категорија на луѓе коишто ќе бидат осудени со правосилни пресуди или дисциплински се разрешени од функциите. Значи ако таму се огрешиле со законот, велиме дека не може да бидат дел од адвокатурата“, рече Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора.

Според адвокатот Валентин Зафиров станува збор за сосема нормални законски измени со кои се доцни, требало пред 20-30 години да бидат донесени.

„Точно е дека јас имав дисциплинска одговорност, па кривична, па суден, па на крај ослободен меѓутоа законот го дозволуваше тоа. Тој што не е достоен да биде судија или обвинител, а да биде адвокат нема логика. Судиите кои добија на судот во Стразбур можат да си бараат отштета. Јас го поддржувам овој закон бидејќи сакам да се врати довербата во судството“, рече Зафиров.

Адвокатот Дељо Кадиев се осврна на тоа каде се наоѓа адвокатирата денеска.

„Денеска да биде примена Македонија во ЕУ, нема да имаме потреба да го менуваме Законот за адвокатура. Се работи на подобрување на законот за адвокатура од аспект на повреди на одредени лица кои што се занимавале со право. Одредбата на се однесува на лица коишто не се занимавале со право“, истакна Кадиев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk