30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Михајловиќ со прекрасна порака до навивачите на Болоња

Најчитани вести

Борбата на Синиша Михајловиќ со леукемијата повторно ги инспирира навивачите на Болоња и фановите на италијанскиот фудбал, откако српскиот стручњак им се обрати преку видео на навивачите по крајот на втората рунда на хемотерапија.

На Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија во јули оваа година и тој досега успеа да следи само три од седумте меча на Болоња во Серија А со дозвола на лекарите. Пред пријателскиот меч на „Дал’Ара“ меѓу легендите на Болоња (Бепе Сињори, Кенет Андерсон) и легендите на Реал Мадрид (Роберто Карлос, Иван Кампо) за одбележувањето на 110-годишнината од основањето на клубот, тој со видео се обрати на навивачите.

„Жалам што не можам да бидам таму со вас, но вчера излегов од болница и навистина сакав да одам дома и да поминам малку време со сопругата и со децата. Се надевам дека ме разбирате. Сакам да се заблагодарам на сите, на навивачите, на клубот, за сѐ што направивте за мене, за моментите кога бевте до мене и им дадовте сила. Се борам со оваа болест, но ќе ја добијам оваа битка благодарение на вас и на љубовта од моето семејство. Ги поздравувам и момците од Реал Мадрид, а посебно на моите браќа Кристијан Карембе и Кларенс Сидорф. Ве сакам момци. Кажете му на Марко Ди Вајо да не загуби“, вели Михајловиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести