14 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Михајловиќ: Некој ќе каже дека сум луд, но јас морав да бидам овде

Најчитани вести

Синиша Михајловиќ добива огромна поддршка од сите страни на фудбалска Европа, откако тренерот на Болоња реши по интензивните третмани со хемотерапија во борбата против леукемијата сепак да се појави на клупата на „болоњезите“ на стартот на сезонава.

Италијанските медиуми открија дека докторите во текот на минатата седмица му забраниле на Србинот да го води тимот, соопштувајќи му дека ризикот е преголем.

„Михајловиќ тогаш се расплакал од тага и побарал од докторите повторно да го прегледааат по два дена, убедувајќи ги дека состојбата ќе му биде многу подобра. И навистина беше така“ – пишува „Газета дело Спорт“.

Тиражниот италијански весник преку инсајдери во екипата откри и дел од говорот што Михајловиќ го одржал во соблекувалната пред натпреварот, при што повеќе од половина од фудбалерите на Болоња се расплакале.

„Ви ветив дека денеска ќе бидам овде. И овде сум. За некого сигурно сум будала што ја напуштив болницата, но сакав да сум овде. Денеска морав да сум овде“ – емотивно порачал болниот тренер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести