-2 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Михајловиќ загубил килограми, но страста за фудбал е иста

Најчитани вести

Синиша Михајловиќ пријатно ги изненади своите фудбалери откако се појави на клупата на Болоња за премиерниот дуел од новата сезона, на гостувањето против Верона. Фудбалерот на Болоња, Рикардо Орсолини не го криеше воодушевувањето што повторно го имаше на клупата српскиот стратег, кој во изминатите 40-ина дена беше на интензивни третмани за лечење од леукемија.

„Зборувавме преку видео-повици и ни порача дека не е 100% подготвен. Пред еден месец ни кажа дека сигурно ќе биде тука за првиот меч од сезоната, но да бидам искрен не верувавме дека тоа ќе се случи. Кога го видовме, бевме пресреќни. Неговото присуство беше огромна мотивација, штета што освоивме само еден бод наместо да победиме. Мене лично ми недостига Михајловиќ на тренинзите, тој е огромна инспирација. Очигледно е дека загубил килограми, но посветеноста и страста кон фудбалот му е иста како и секогаш“ – истакна Орсолини.

Јасно е, борбата со тешката болест ќе продолжи во наредниот период, останува надежта дека ќе заврши со хепиенд за српскиот фудбалски стратег./ekipa.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести