17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Митко Чавков пренесен на лекување во приватна скопска болница

Најчитани вести

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков откако ја минал ноќта во штипската модуларна болница, денеска бил спроведен во приватна болница во Скопје.

Чавков од мината недела е со потврден Ковид со влошена здравствена состојба.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров, за МИА потврдил дека вчера откако му се влошила здравствена состојба на Чавков и имал ниска сатурација при прегледот од затворскиот лекар, веднаш е хоспитализиран во модуларната болница.

На барање на семејството и по препорака на штипските инфектолози Чавков е спроведен до приватната болница на болнички третман.

Чавков е еден од седуммината осуденици во штипскиот затвор кои се позитивни на коронавирусот. Во изолација се уште 13 затвореници кои не покажуваат симптоми на ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести