25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Митева: Како Дарко Каевски со државна плата за една година се стекнал со имот од три стана и куќа?

Најчитани вести

Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен директор на АМС, Дарко Каевски, само во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина.

Каевски во анкетниот лист, навел дека новостекнатиот недвижен имот е стекнат по пат на наследство, исто како и претходните недвижнини. Неговиот имот брои три стана, куќа и деловен простор.

Дали ова е начин да се сoкрие вредноста на стекнатиот имот поради што би се отвориле прашања како и на кој начин е стекнат имотот? Како со државна плата се обезбедува волкав имот и колку време му е потребно на работник со просечна плата да го обезбеди ова ниво на стекнат имот?

Се поставува прашањето на кој начин ги стекнавте средствата за купување на овие недвижнини и дали при тоа купување имаат улога финансии стекнати преку вршење на услуги кон државата?

Јавноста очекува одговори. Дали е ова начин на кои се добива наградата на сметка на државата? Дали СДСМ од носителите на јавни функции создава млади политичари со големи сметки?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести