Home » Мислев ќе падне на мене оти возев „јагуар“, а таа ме отканта ко да не сум Мамиќ и си седна во своето „уно“: љубовната прикaзна на Здравко и Марина Мамиќ

Мислев ќе падне на мене оти возев „јагуар“, а таа ме отканта ко да не сум Мамиќ и си седна во своето „уно“: љубовната прикaзна на Здравко и Марина Мамиќ

by Журнал.мк

Еден од најмоќните и најконтроверзни луѓе во хрватскиот фудбал, поранешен извршен директор на клубот „Динамо Загреб“, Здравко Мамиќ, е приказна за која секогаш се зборува. Особено за жените од кланот Мамиќ, кои не сакаат да се експонираат. Не е исклучок ниту Марина Мамиќ, втората сопругат на Здравко, која ретко кога се појавува во јавноста, па многумина и не знаат како изгледа.

Марина и Здравко се запознале во 1994 година по еден натпревар на „Максимир“ во Загреб. Во една пригода Здравко откри дека тоа било љубов на прв поглед од негова страна.

Вели: „Кога ја видов мојата Марина, која е исклучително згодна, привлечна и висока, веднаш се заљубив во неа. Ногата ѝ беше до таван. Веднаш почнав да ѝ се пуштам, а кога излеговме од ресторанот, ја поканив на пијалак во ‘Еспланадата’. Мислев дека ќе падне на ова бидејќи возев ‘јагуар’“, раскажа Мамиќ. Тој додаде дека не било баш како што мислел. „Таа ме отканта ко да не сум Мамиќ и си седна во своето ‘уно’“, раскажува некогашниот прв човек на хрватскиот клуб „Динамо Загреб“.

Понатакму, тој вели дека Марина е прилично самобендисана жена и дека сака да се држи подалеку од јавноста. Дека исклучително му е посветена на семејството.

„Животот на Марина е поинаков од мојот. Никогаш во овие 17 години не се случило да не зготви ручек, да не ги разнесува децата, шета по два часа дневно, оди во црква четирипати неделно на разни молитви или семинари, оди на театри и концерти на класична музика итн… Јас сум во друг свет и тој свет Марина не ја интересира. Го почитува, не прави проблеми, но не сака да влезе во него“, изјави Мамиќ.

Сепак, сакала или не, Марина се најде во центарот на вниманието на јавноста по одлуката Здравко да ѝ врати на државата 52 милиона куни, а во државниот буџет мораше да плати 44,5 милиони куни поради проневера.

Тие имаат две ќерки – Луција и Ива, а во една пригода, кога неговата постара ќерка Луција дипломира на колеџот во Даблин, каде што ја прогласија за студентка на генерацијата, сподели семејна фотографија на која нагласи колку се гордее и колку му е важно семејството.

„Денес сум најгордиот татко на светот. Денеска ја добив најубавата награда затоа што мојата ќерка Луција дипломира на колеџот ‘Грифит’ во Даблин и беше прогласена за најдобар студент на генерацијата. Му благодарам на Бога за овој прекрасен ден, му благодарам за моето семејство и за среќата што ми ја носат секој ден бидејќи семејството е единственото вистинско засолниште во овој бездушен свет“, напиша тогаш тој.

Бракот со Марина е втор брак за Мамиќ. Тој првпат се ожени на 21 година со Нада, со која го доби синот Марио.

Мамиќ еднаш откри дека бракот пропаднал поради нејзината љубомора, но и затоа што тој постојано ја изневерувал со дружи жени. Тој, сепак, додаде дека останале во добри односи. 

Нада, која е осум и пол години постара од Здравко, исто како и Марина, е далеку од очите на јавноста, па дури тешко е да се најде и нејзина фотографија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More