Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција изјави дека Владата со секој месец под нејзино владеење „ќе значи две работи, прво губење време, второ уште подлабока криза”.
„Власта се донесе и себе и државата во ќорсокак. Една година лажеа дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, за во петокот да стане јасно дека не само што ВМРО-ДПМНЕ не прифатило уставни измени, туку и пратеници од владејачкото мнозинство не поддржуваат промена на Уставот” обвинува тој.
Според Мисајловски, ДУИ и СДСМ ќе одат на стратегијата „одложување на процесот на гласање до последниот ден на оваа влада”.
„Ова е сосема погрешна стратегија, можеби е добра за врвот на власта и бизнисмените блиски до нив кои профитираат од ДУИ и од СДСМ, но е поразителна за народот и за Македонија”, смета Мисајловски.