17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Мисајловски: Не треба да има бојкот на локалните избори, убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

Вечерва Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во централниот дневник на Сител телевизија. При своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да победи на сите избори.

„Не треба да има бојкот на локалните избори, за тоа што јас сум убеден дека ќе имаме многу победи во многу градови во Македонија. И убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ и расположението е такво“, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека штета е што се поигруваат од власта со Законот.

„Зборувам за оној Закон каде што убаво стои во Изборниот законик дека треба да се набават апаратчиња за отисок за овие избори. Има доволно време. Зборам секој граѓанин кога ќе отиде на следниве локални избори во Законот е поставено дека власта мора да ги набави овие апаратчиња за отисок и на таков начин да се гласа. И во тоа сите партии се сложни. И тоа не е пречка. Пречка е што се нема започнато постапка“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски посочи дека има средства овие апаратчиња за отисок да се набават.

„Но, ако власта ова не го направи, значи тие се спремаат за фалсификат. Е, тоа е проблемот. И тоа прашање треба да биде во јавност кренато, но ако Албанија може за три месеци да ги набави, ние имаме повеќе од три месеци и сето тоа може да биде средено“, истакна Мисајловски.

Мисајловски во текот на гостувањето се осврна и на темата за законот за лични карти, тој додаде дека нема да помине законот за лични карти за жал бидејќи Заев не дозволува да помине.

„Ако имаше чесна намера Зоран Заев веднаш ќе го пуштеше овој закон и со европско знаменце. Но, има друга пречка. Пречката е оној фамозен Преспански договор. Бидејќи таму мора да стои коса црта во личните карти граѓани на придавка Република Македонија. Тоа е проблемот. И суштината е тука. Е, сега е проблемот како да се задоволи БЕСА, да се задоволат други коалициони партнери, а од друга страна гледате дека внатре во самата коалиција има проблем“, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека  во Собранието вчера имаше 66 точки на Дневен ред. А, фалеа неколку пратеници. И тоа говори дека ништо не е случајно. Власта односно СДСМ во Парламентот не може кворум да обезбеди. Пазарот помеѓу СДСМ и коалиционите партнери е се повеќе видлив.

„Имаме 100 дена најлоша Влада во историјата на Македонија. Најлоша Влада. Не зборувам за претходните години на оваа Влада, туку за првите 100 дена. На „Транспаренси Интернешнл“ сме вака најкриминална држава во Европа. Постојано слушаме еден куп работи дека ќе изградат, а нема ниту еден капитален проект. Постојано слушаме за некои реформи а бришат историја. Постоја слушаме за некои реформи ама ги нема“, Мисајловски.

Мисајловски додаде дека со вакво темпо граѓаните на оваа Влада довербата нема да им ја дадат.

„Ексклузивно за брзо време, наредната недела ќе седнат работни групи да се договорат за изборниот законик и за тие други теми. Ние имаме барање локалните избори да бидат во еден изборен круг. Но сето тоа ќе биде тогаш ставено на маса како во пакет за разговори“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека се надева дека ќе се постигне договор по сите прашања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести