37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Мирјана Најчевска: Од каде им се пари на владиците да се лекуваат приватно од Ковид-19?

Најчитани вести

Професорката и експерт за човекови права Мирјана Најчевска ја искоментира веста за лекувањето на владиците Петар и Агатангел од Ковид-19 во една од приватните болници во Македонија. Со тоа, зајадливо вели, дека тие покажале „недоверба кон шефот“.

„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“, искоментира Најчевска на Фејсбук.

Владиката Петар и Владиката Агатангел се хоспитализираниоткако биле тестирани позитивни на Ловид-19, пренесува Сител. Владиката Петар за Сител рекол дека не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е хоспитализиран пред некој ден.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести