17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Мирен протест на Синдикатот на УКИМ пред Владата на 30 јуни

Најчитани вести

Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје соопшти дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Владата за да го изрази своето незадоволство од „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“.

„Платите на вработените на УКИМ се исклучително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес“, соопшти Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ.

На 2 јуни Сојузот одржа предупредувачки протест пред Ректоратот на УКИМ, на кој беше побарано Владата да обезбеди зголемување на платите.

Во најавата за протестот пред Владата, Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ ги повикува и граѓаните да им дадат поддршка за, како што велат, обезбедување подобри услови и квалитет во високото образование и враќање на угледот на УКИМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com