27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Миовски: Знам дека во Абердин ќе напредувам

Најчитани вести

Абердин го купи Миовски за 624.000 евра од МТК и го претстави како сериозно засилување, па од нашиот фудбалер ќе се очекуваат голови во шкотското првенство.

„Секако дека сакам да бидам прв напаѓач на Абердин, но најважно е клубот да ги оствари своите цели, а тоа е топ три во Шкотска. Јас сакам со многу голови да му помогнам на тимот да ја оствари целта“, вели Миовски.

„Возбуден сум, ќе дадам се од себе да ги оствариме целите. Знам дека ова е клуб со голема историја и ова е голем чекор во мојата кариера. Веќе се запознав со соиграчите, тие се фантастични момци“.

„Бев многу среќен кога Абердин покажа интерес за мене, веднаш ја одбрав таа опција бидејќи знам дека тука ќе можам да напредувам. За млад фудбалер ова е прерфектна средина. Не го следев шкотскиот фудбал, но знам дека е тежок на физички план, се игра со високо темпо и затоа мислам дека ќе напредувам“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com