17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

„Мини Шенген“: Рама и Заев го кршат законот ако потпишат договор со Србија

Најчитани вести

Лидерите на трите балкански земји, Албанија, Македонија и Србиј, Еди Рама, Зоран Заев и
Александар Вучиќ во неделата се сретнаа за да се договорат за балканскиот проект „мини-шенген“, но без
Косово.

Премиерите на Албанија, на Северна Македонија и претседателот на Србија од Охрид
рекоа дека договорот содржи четирите слободи за тргување и тоа слобода на движење на луѓе, добра, услуги и капитал.

Охридската средба се одржа еден месец по слична средба во Нови Сад, Србија.

Република Северна Македонија и Република Албанија ја признаа Република Косово како независна држава. Косовски наналитичари ја осудуваат постапката на трите држави, да се состануваат на оваа тема, при тоа, не вклучувајќи го Косово, затоа што од тројцата учесници, двајца ја признаваат независноста на Косово, а во случајот со Србија, таа се уште го смета за дел од својата територија велат за Zhurnal, косовските аналитичари.

Косовскиот политички аналитичар Фадил Лепаја за Zhurnal вели дека албанскиот премиер брза со оваа идеја и не успева добро да го води процесот. Според него, двајцата премиери Рама и Заев немаат законски право да потпишат документи за унија со Србија се додека таа го третира неговото постоење само како свој дел.

„Република Северна Македонија и Република Албанија ја признаа Република Косово како независна држава. Тие, исто така, го осудија случајот со Република Косово, во однос на „малиот-шенген“. Во меѓувреме, Република Србија го признава Косово како своја територија и не ги признава косовските граници со Северна Македонија и со Албанија, но го смета за меѓународен интерес. Затоа, каков било формален договор со Република Србија од страна на Северна Македонија или Албанија, претставува повреда и признавање на Србија во наводните граници. Мислам Премиерот Рама избрза да се вклучи во идејата и не успеа добро
да го води овој процес, толку повеќе што се чини дека е испаничен, за да го компензира недобивањето датум за преговори со ЕУ. Правно, и Рама и Заев немаат право да потпишат договор со Србија, додека во српскиот Устав стои дека Косово е дел од Србија, што пак е спротивно на ставовите на другите две земји, кои ја признаа независноста на Косово“, рече косовскиот аналитичар Фадил Лепаја за Zhurnal.

Тој меѓу другото вели дека Албанците во Северна Македонија треба да го предупредат Премиерот Заев за вклучување во иницијативата.

Од друга страна, вели Доника Емини, извршен директор на платформата ЦивиКос од Косово смета дека оваа идеја била иницирана од Рама и Вучиќ со цел да ги факторизираат во регионот и македонскиот премиер, кој сè уште е нејасен за неговото учество во регионот.

„Идејата за мини-шенгенскиот Балкан е идеја што ја иницираат Рама и Вучиќ – кои се обидуваат да ги факторизираат во регионот Заев кој сè уште е нејасен во оваа област“, проценува Доника Емини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести