14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Министерството за правда го чека предлог законот за СЈО од ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

Во Министерството за правда сé уште не е пристигнат текст за нов закон за Специјалното јавно обвинителство што го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Со нетрпение го чекаме текстот од ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го добиеме, ќе се произнесеме. Доколку има подобрувања на текстот, секако ќе бидат прифатени. Ако има скриена амнестија, нема да биде прифатена, велат од Министерството за правда.

Новиот закон за СЈО, според ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во склад со европското право и препораките и праксите на Европскиот суд за човекови права. Работни групи на двете најголеми политички партии со кои раководи министерката за правда Рената Дескоска веќе подолго време немаат одржано средба за изнаоѓање заедничко решение за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и законот за Јавното обвинителство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести