3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Министерот Спасовски се сретна генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид

Најчитани вести

Министерот Спасовски се заблагодари на континуираната, плодна и интензивна соработка што Министерството за внатрешни работи ја има со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во јакнењето на институционалните капацитети, нагласувајќи ги стратешките приоритети за продолжување на реформскиот процес на полицијата, борбата против сериозниот и организиран криминал, корупцијата, тероризмот, илегалната миграција и кибер криминалот, како и професионализацијата на полицијата и можностите за зајакнување на интегритетот на полициските службеници.

Спасовски нагласи дека денешната средба претставува силна порака за сериозното партнерство со ОБСЕ и токму фактот што на Македонија и е доверено претседавањето во 2023 година претставува чест и признание за остварениот реформски напредок и придонесот во регионалната соработка со уверување дека Министерството за внатрешни работи е посветено и активно ќе придонесува за успешно претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, со целосното почитување и унапредување на заедничките вредности на оваа организација, информира од МВР.

Генералниот секретар на ОБСЕ Шмид изрази целосна подготвеност и поддршка за Македонија во фазата на подготовка и во процесот на организација на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и тоа дека прашањата кои се однесуваат на безбедноста мора да се разгледуваат и од аспект на животната средина, почитување на човековите права и владеењето на правото.

-Од двете страни беше изразена заложба за соработката во иднина да продолжи со засилен интензитет, надополнета со актуелни теми од областа на конфискација на криминално стекнат имот, поголема транспарентност во презентирањето на резултатите од борбата против корупцијата, борбата против семејното насилство, како и родовата еднаквост, се во насока на креирање конструктивна агенда за нашето претседавање со Организацијата во 2023 година, се наведува во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com