14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Министерот за надворешни работи на Грција во посета на земјава

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, денеска е во посета на земјава.

„Посетата на грчкиот министер за надворешни работи е во значаен период кога околностите на регионот и глобалните кризи налагаат заедничко координирање и дејствување меѓу двете соседните земји, со што се потврдува и унапредува нашето стратешко партнерство“, велат од македонското МНР.

Предвидено е Дендијас да има средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на која ќе дискутираат за билатералните односи, во тој контекст напредокот во развојот на стратешкото партнерство, случувањата во регионот, особено од аспект на неговите интегративни процеси, како и во случувањата пошироко во светот, со посебен осврт на најновите ангажмани во борбата за справување со пандемијата и состојбите во Авганистан.

„Во делот на билатералната соработка фокусот се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, кое следува по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности во согласност со договорот како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција“, се наведува во соопштението од МНР.

За време на посетата министерот Дендијас ќе оствари средби и со највисоките претставници на нашата држава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com