9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Министерот за култура во посета на локалитетот „Ѓоновичко кале“ кај Гостивар

Најчитани вести

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска го посети локалитет „Ѓоновичко кале“ кај селото Горна Ѓоновица во близина на Гостивар, каде се спроведуваат археолошки истражувања.

Локалитетот претставува утврдена населба од античко време, па сè до средниот век, со остатоци од кула чии бедеми на места се зачувани и до пет метри во височина. На местото се пронајдени разни предмети како керамички садови, питоси, покривни ќерамиди, многуброен градежен материјал и монети кои датираат од различни временски периоди меѓу кои и монета која потекнува од 4 век од нашата ера.

Министерот истакна дека истражувањата на Калето чија функција била да ја штити комуникацијата на патот Македонски Брод-Кичево се од особено значење за културното наследство на гостиварскиот регион.

Во текот на истражувањата кои се спроведуваат со поддршка на Министерството за култура, освен од Конзерваторскиот центар од Гостивар кој е носител на проектот, вклучени се и стручни екипи од Арxеолошкиот Музеј, од Националниот конзерваторски центар, како и истржувачи од катедра по Археологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“-Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com