31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Министерката Шекеринска во прва официјална посета на Португалската Република

Најчитани вести

Министерката Радмила Шекеринска ја започна дводневната официјална посета на Португалската Република.

Посетата се реализира на покана на министерот за одбрана, Жао Гомеш Кравињу и е прва официјална посета на наш министер за одбрана.

Во рамки на посетата министерката ќе има средба со домаќинот, португалскиот министер, и со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили. Делегацијата од Министерството за одбрана и од Армијата, предводена од Шекеринска ќе ја посети Командата за здружени операции која е оперативно седиште за португалски мисии во странство – НАТО, ОН и ЕУ мисии, како и училиштето за централизирана обука за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија на Португалските вооружени сили.

Воедно во рамки на посетата делегацијата ќе има разговори и во НАТО академијата за комуникации и информации во Лисабон.

Посетата на Португалија е прв чекор во воспоставувањето на билатерална соработка во одбраната меѓу двете земји. Министерството за одбрана на Северна Македонија веќе иницираше потпишување на Договор за билатерална одбранбена соработка кој се очекува да биде потпишан во наредниот период.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести