15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Милошоски: Станавме Колумбија во Европа, наместо европска Македонија

Најчитани вести

Наместо приближувањето и интергрирањето во Европската унија, со последниот „скандалозен предлог-закон на приватната влада“ на премеирот Зоран Заев од СДСМ и Али Ахмети лидер на коалицискиот партнер во Владата – ДУИ, за ставање на ткн „европско знаменце“ на предлог-законот за бизнис со дрога – марихуана, Македонија станува европска Колумбија, обвини на прес-конференција Антонијо Милошоски пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер за надворешни работи Милошоски посочи дека во ВМРО-ДПМНЕ го оценуваат како скандалозен овој потег со кој, како што рече, по којзнае кој пат се злоупотребува европското знаменце за теми кои немаат никаква унифицирана регулатива во Европската унија.

– Заев и Ахмети четири години ги лажат граѓаните дека од државата ќе направат европска Македонија за со овој предлог закон за трговија со дрога да направат Македонија да биде Колумбија со Европа, земја во која трговијата со дрога онака како што правеше началникот на МВР во Прилеп, ќе стане легален бизнис на семејството Заеви и на неговите коалициони партнери – рече преатникот.

Милошоски посочи дека споменатиот законски предлог е скандалозен, не само поради ставањето на „европското знаменце“, што значи приоритет и итност, туку и поради тоа што премиерот ја приватизира Владата за носење на закони кои значат бизнис профит за неговото потесно семејство.

– Најголемиот дел од бизнисот со садење на марихуана, и веројатно и продажба на црно на таа марихуана во Македонија го водат Трајче Заев, Бобан Заев и Радиша Заев и многу неформални плантажи кои не гласат на нивна сопственост се управувани од овие луѓе. Затоа сметаме дека со ваквиот предлог закон само ќе има зголемен профит за фирмите „МАМ“ Свети Николе и за фирмата „Фарма Медикал“ од Валандово коишто се во директна сопственост на блиската фамилија на Заев. Тоа значи дека во Македонија ќе почнат да владеат картели, младината ќе стане се поподложна на психотропни супстанции, врз младите ќе прават профит овие фамилијарни блиски пријатели на Заев, а земјата ќе стане едно пристаниште и магнет за нелегалниот бизнис со дрога со коијшто се занимаваат луѓе како Седат Пекер , Биг Мајк и сите оние 215 нарко мафијаши од светски размери кои добија македонски пасоши со лажен идентитет – истакна Милошоски.

Апелираше и до Делегацијата на Европската унија и во Европската комисија во Брисел, да го стопираат ваквото злоупотребување на европското знаменце за приватните бизнис интереси на Заев и на Ахмети.

– Владата во изминатиов период покажа дека европското знаменце го третира само како една валкана крпа со којашто ги покрива криминалните предлог знакони коишто за Заев и Ахмети значат бизнис профит, за Македонија значат губење на имоџот, а за младината голема штета и ризик – заклучи Милошоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести