17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Милошоски: Советникот Зафировски им помага на Заеви да ги извезуваат своите производи во Србија и Франција

Најчитани вести

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Молошоски, од собраниска говорница денеска обвини дека советникот на премиерот, Љупчо Зафировски, нема никакви врски со кабинетот на францускиот претседател, Емануел Макрон, како што претходно изјави Заев. Според податоци до кои дошол Милошоски, Зафировски соработува со фирмите на Заеви и им помага во извозот на нивните производи.

-Легендарен стана посебниот советник на премиерот, кој што наводно има врски со кабинетот на Макрон, мистериозен советник. И покрај сите настојувања, премиерот не сака да одговори кој го има потпишано договорот со Зафировски. Ниту сака да ја достави биографијата до Собранието. Во Собранието премиерот говореше дека Зафировски има посебни дипломатски контакти. Од едно кратко истражување може да се дознае дека во 1999 година Зафировски ја основа фирмата за надворешна трговија со прехрамбени производи „Фортуна“, регистрирана во Скопје. После одредено време ја регистрира и во Струмица, а работи во трговија со земјоделски и прехрамбени производи. Зафировски нема никакви врски со претседателот Макрон ниту со негови советници. Има врски со фирма на Заеви кои се занимаваат со производство на храна. Им помагал и се уште им помага да извезуваат во Србија и во Франција – рече Милошоски.

Тој додаде дека Владата затоа ја крие биографијата на Зафировски, која Милошоски ја побарал но не ја добил.

-1.200 евра кои Владата ги плаќа на Зафировски наводно за лобирање, се злоупотреба на буџетот за исплаќање на човекот кој има соработка со кланот Заев за извоз на прехрамбени производи – рече Милошоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести