Home » Милошоски од Ковачевски и Османи ги бара документите за преговорите со Бугарија

Милошоски од Ковачевски и Османи ги бара документите за преговорите со Бугарија

by Журнал.мк

Документите кои се однесуваат на Македонија, Владата нема право да ги крие од јавноста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа, бара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика.

Во писмото до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за надворешни работи Бујар Османи Милошоски ги бара документите поврзани со преговорите со Бугарија да им бидат доставени на пратениците.

„Протоколот кој се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија која е изработен и усогласен со учество на владини претставници од Македонија и Бугарија. Преговарачката рамка која ви е доставена од француското ЕУ-претседателство и во која билатералните спорови се утврдени како дел од условите за добивање на датумот за преговори.

По доставувањето на овие два битни документи, уште утре би одржале седница на Комисијата за надворешна политика, бидејќи задутре, кога се одржува седницата на Советот на ЕУ, може да биде и предоцна. Седницата на комисијата, заради големиот интерес, предлагам да биде отворена за јавноста, но согласно Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер. Право е на Бугарија да си одлучи да дискутира за темата Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и морална обврска, бидејќи се работи за нашата држава“, се вели во писмото на пратеникот Антонијо Милошоски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More