20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Милошоски: Неспособноста на надлежните за организирање на Охридскиот маратон е срамна

Најчитани вести

Aнтонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, го повика претседателот Стево Пендаровски да направи се што е можно како покровител на Охридскиот пливачки маратон. Шефот на државата вчера објави дека за прв пат од 1962 овааа манифестација нема да се одржува, затоа што е блокирана сметката на пливачката федерација.

Милошоски ја повика и Владата и Агенцијата за спорт и млади да најдат начин како да ја одблокираат сметката на организаторот, а предложува и да се побара помош од донатори.

„Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија цели 6 децении. Се одржувал и во полесни и во потешки времиња затоа што ниеден претседател и власт не ни помислиле дека откажувањето е опција.

Но, оваа година славниот Охридскиот маратон се удави во неспособноста на претседателот Пендаровски како покровител, владата и Агенцијата за млади и спорт. Зарем трудот и ентузијазмот вложуван од Дики и Атина Бојаџи, од Нико Нестор и Снеже Групчева, како и сите пливачки шампиони од Египет, Бугарија, Шпанија, Македонија и Холандија не беа доволен мотив за Пендаровски и за владата да се обидат да најдат домашни и меѓународни спонзори и решение во интерес на пливачите, во интерес меѓународниот спортски углед на Охрид и на Македонија?“, прашува Милошоски.

Тој му порача на Пендаровски дека не е, како што вели, спортски новинар само да известува дека настанот нема да се одржува, туку дека треба и да превземе иницијатива.

„Претседателот Пендаровски вчера само напишал “ме информираше – ве информирам”, како да е спортски новинар, а не институција со буџет, вработени, статус и државни надлежности. За ваквата неспособност и информирање преку социјални мрежи, малку е да се рече засрамота“, заклучува Милошоски.

📌 Охридскиот пливачки маратон е меѓународен спортски бренд на Македонија цели 6 децении. Се одржувал и во полесни и во…

Posted by Antonio Miloshoski on Wednesday, August 17, 2022

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com