17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Милошоски: Заев се изгреба за уште ден-два на власт

Најчитани вести

Зоран Заев со вчерашната изјава дека нема да поднесе оставка и дека истата ја поместува на неопределено време, односно оти тој сакал, но централниот одбор на СДСМ не му дозволил, уште еднаш докажа дека е најголемиот лажго во македонската политика, обвини денеска Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев е најголемиот манипулант на Балканот и најголемиот аболициран политичар кој што се гребе за уште еден, два или три дена на власт за да си покрие некоја од своите злоупотреби“, посочи Милошоски.

Тој нагласи дека Заев ќе види што ќе се случува во Собранието уште во текот на утрешниот ден кога на Владата, која е во оставка, како што рече, ќе и биде изгласана недоверба.

„Затоа му порачуваме на Заев, премиерот во заминување и на неговите најблиски соработници, Филипче и Оливер Спасовски, да се спремат за мирна транзиција на власта и за испорачување на недовербата на Владата и формирање на ново собраниско мнозинство и нова Влада која што ќе нуди решенија за проблемите кои што тие ги создадоа“, кажа претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно порача дека доаѓа време за одговорност за сите злоупотреби.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com