Home » Милошоски бара формирање на анкетна комисија за Онкологија

Милошоски бара формирање на анкетна комисија за Онкологија

by Журнал.мк

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната седница во Собранието уште еднаш ја повика власта да се формира анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност за тоа кој го правел морбидниот профит на Онкологија.

Тоа што можеме да го видиме денес во здравството по скандалот на Онкологија е дека немало ниту стручност, ниту хуманост. На Онкологија доминирал принципот за профит, пациентите биле натерани да купуваат лекарства, а истите лекарства наместо да им бидат дадени, биле препродавани на црниот пазар. И ова е заклучок на државниот завод за ревизија. Затоа за да има одговорноста име и презиме, за да нема паушални нагаѓања кој е одговорен, предложивме формирање на анкетна комисија за да се утврди политичката одговорност на тие кои што дозволиле ваков морбиден профит, на сметката на здравјето и животот на пациентите на онкологија, нагласи Милошоски.

Пратеникот праша и зошто се попречува формирањето на анкетната комисија за утврдување на политичка одговорност за морбидниот профит на онкологија.

Во Собранието поднесовме иницијатива за да се формира анкетна комисија, кој го попречува формирањето на анкетната комисија за утврдување на одговорноста за морбидниот профит на онкологија. Го попречува Талат Џафери затоа што не ја става точката на дневен ред да ја формираме комисијата, го попречува мнозинството од СДСМ и ДУИ кои што молчат. Нека се формира анкетната комисија и за кратко време ќе се утврди политичката одговорност за тоа кој правел морбиден профит на Онкологија, посочи Милошоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk