2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Милнер сака да го обнови договорот со Ливерпул

Најчитани вести

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер изјави дека е заинтересиран за нов договор со актуелниот европски шампион. Сегашниот договор важи до летото 2020 година.

– Мојот договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, се надевам дека ќе се договориме. Сакам да играм на високо ниво што е можно подолго. Сè уште се чувствувам многу добро, вели Милнер во изјава за „Гардијан”.

Триесет и тригодишниот Англичанец во тековната сезона постигна два гола и забележа три асистенции на 13 натпревари.

Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 15 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com