26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Милијардерот Ричард Бренсон го претстави најновиот вселенски брод VSS Imagine (ВИДЕО)

Најчитани вести

Англискиот милијардер Ричард Бренсон го претстави најновиот вселенски брод на неговата компанија Virgin Galactic под името VSS Imagine.

Флотата на Virgin Galactic е проширена откако го доби и третото летало. VSS Imagine е дел од третата генерација на вселенски бродови кои ја претставуваат основата за дизајнирање и производство на идните летала.

VSS Imagine е дизајниран да ја рефлектира околината со цел да ја менува бојата и изгледот додека патува од Земјата кон вселената.

Virgin Galactic соопшти дека третата генерација на вселенски бродови е дизајнирана со подобрени перформанси, кога станува збор за одржувањето и зачестеноста на летовите.

VSS Imagine покажува напредок во ефикасноста на дизајнот и производството.

Додека овој вселенски брод ќе биде тестиран на тлото, Virgin Galactic ќе работи на производство на уште едно летало од трета генерација наречено VSS Inspire.

Целта на компанијата Virgin Galactic се 400 летови на годишно ниво.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести