25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Милијардерот педофил погребан во необележан гроб

Најчитани вести

Американскиот милијардер Џефри Епстајн, кој беше обвинет за педофилија и детска проституција, наводно е погребан во необележена семејна гробница, крај своите родители, чии имиња се отстранети од надгробниот споменик за да се спречи вандализам.

Претпоставка е дека ваквата одлука е донесена за гробовите да се заштитат од вандалите, кои се згрозени од педофилските постапки на Епстајн.

Милијардерот се самоуби во затвор, на 10 август, додека го чекаше судењето заради тврдењата дека предводел група за детска проституција.

Епстајн, кој беше уапсен на 6 јули, се изјасни дека не се чувствува виновен за обвинувањата за трговија со луѓе во која биле вклучени и десетици малолетни девојчиња на возраст од 14 години, и тоа во периодот од 2002 до 2005 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com