17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Милијардерот Мајкл Блумберг влезе во трката за претседател на САД

Најчитани вести

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, влезе во трката за кандидат за демократски претседател.

Седумдесет и седумгодишниот Блумберг, кој претходно испрати силен сигнал дека ќе се кандидира на претседателските избори, официјално ја објави својата кандидатура.

„Се кандидирам за да го победам Доналд Трамп и да ја обновам Америка. Не можеме да си дозволиме уште четири години невнимателни и неетички потези на Трамп“, се вели во изјавата на Блумберг.

Кандидатурата ја објави на својата веб-страница и социјалните мрежи – на англиски и шпански.

Блумберг е еден од 17-те претенденти кои се надеваат дека ќе бидат демократски кандидат за претседател на САД.

На списокот „Форбс“, тој е рангиран како осми најбогат Американец, чие богатство се проценува на 53,4 милијарди долари.

Тој е исто така основач на Блумберг Л.П., компанија која се бави со финансиски софтвер, но исто така поседува и повеќе глобални медиуми фокусирани на деловни вести.

Блумберг направи богатство создавајќи технологија, што банкарите и трговците ја користат за пристап до податоците на пазарот.

Потоа се сврте кон политиката како долгогодишен демократ, но ја смени својата партија во 2001 година и стана градоначалник на Њујорк како републиканец.

Сепак, за време на неговиот втор мандат тој ги напушти републиканците и стана независен политичар, за да стане член на Демократската партија во 2018 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести