28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Милијардерот Арно ги даде ветените 200 милиони евра за обнова на Нотр Дам

Најчитани вести

Францускиот бизнисмен и милијардер Бернар Арно вчера го потпиша договорот со кој го официјализира ветувањето дека ќе даде 200 милиони евра за обнова на париската катедрала Нотр Дам.

Фондацијата „Нотр Дам“, со која Арно го потпиша договорот, соопшти дека досега се собрани 380.000 евра помош за обнова на делумно изгорената катедрала.

По стравичниот пожар на 15 април, голем број богаташи, претпријатија и поединци ширум светот ветија повеќе од 850 милиони евра помош.

Бернар Арно е мнозински акционер, претседател и извршен директор на луксузната група „ЛМВХ“, која вклучува 70 брендови, меѓу нив и „Дом перињон”, „Булгари”, „Луј витон”, „Сефора” и „Таг ер”. Тој е на чело и на „Кристијан Диор“.

На крајот на овој месец, и семејството Пино, кое ја поседува групацијата „Керинг“, ќе потпише договор за помошта од 100 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести