9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Милијардери одат во вселената!

Најчитани вести

Откако Џеф Безос од Амазон објави дека ќе патува во вселената со едно од неговите вселенски летала, и Ричард Бренсон од Вирџин Галактик објави дека ќе го направи истото и тоа пред Безос!

Овие двајца технолошки иноватори не се на листата на омилени милијардери, за разлика од Илон Маск и „гласот на народот на интернет“ за најавените летови се најчесто комични.

Според магазинот Interesting Engineering, додека Џеф Безос го планира неговиот лет во вселената со ракетата New Shepard на 20 јули, Ричард Бренсон се подготвува да го стори истото со ракетата SpaceShipTwo на 2 јули, со што би станал прв основач на приватен бизнис во вселената со негова сопствена технологија.

Илон Маск засега нема коментари, ниту планови да го стори истото, ако не ја сметаме неговата изјава од пред година дена дека планира да умре на Марс, додавајќи „се разбира не при удар“.

Но, зошто некој кој има неограничени финансиски средства за сигурен (не еден туку илјада!) живот би ризикувал толку многу? Се разбира за да им докаже на другите милијардери дека патот во вселената е сигурен и да ги охрабри и они да се решат на истото со нивните вселенски летала. Се разбира ќе можат да го сторат истото, за голема сума на пари. краен резултат? Безос и Бренсон ќе бидат уште побогати!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com