Српските медиуми пренесуваат дека пејачката Милица Тодоровиќ и кореографот Милош Пауновиќ ја раскинале својата љубовна врска долга пет години.
Имено, двојката веќе два месеца не е во врска, а пејачката го замолила Милош да ги спакува своите работи и да излезе од станот во кој живееле заедно додека таа е на турнејата.
Како причина за раскинување се спомнуваат ненадминливи разлики во однос на заедничката иднина./.brif.mk