Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон доби богата понуда од Ал Етифак, клуб на чие чело е поранешниот соиграч Стивен Џерард, а дел од екипата е и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Според пишувањето на медиумите во Велика Британија на Хендерсон му нуди годишна плата од 40 милиони евра што е пет пати повеќе во однос на заработката во Ливерпул.
Капитенот на тимот од Енфилд во текот на денот ќе има средба со менаџерот Јирген Клоп по што се очекува тој да ја соопшти конечната одлука околу евентуалната преселба на Блискиот исток.
Хендерсон веќе 12 години го носи дресот на Ливерпул и до сега има 492 настапи и постигнал 33 гола, а беше дел од екипата која ги освои трофеите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Триесет и три годишниот фудбалер со Ливерпул има договор до 2025 година.