25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Милиони корисници го напуштија WhatsApp поради новите услови за користење

Најчитани вести

Милиони корисници на WhatsApp, поради многу слабо објаснетото ажурирање на условите за користење, ја напуштија платформата и се префрлија на алтернативите како што се Signal и Telegram.

Напуштањето на платформата беше толку големо што WhatsApp мораше да го одложи спроведувањето на новите услови, кои беа закажани за 8. февруари и 15. мај, со цел да им ги објасни промените на корисниците.

Во текот на првите три недели од јануари, платформата за пораки Signal доби 7,5 милиони нови корисници ширум светот, а Telegram 25, додека WhatsApp на 12. јануари падна од осмото на 23. место на најпреземани апликации во Велика Британија.

Од друга страна, Signal на 6. јануари не беше ниту меѓу првите 1.000 најпреземани апликации, за веќе на 9. јануари да го достигне првото место.

Директорката за јавна политика на WhatsApp за Европа, Блискиот исток и Африка, Ниам Свини изјави пред Комитетот за внатрешни работи дека верува оти егзодусот е поврзан со ажурирање на условите на услугата на компанијата.

Како што објасни таа, ажурирањето требаше да обезбеди нов сет на алатки околу деловните пораки и да обезбеди поголема транспарентност околу постојните политики за приватност.

„Сакаме да разјасниме дека ажурирањето нема да влијае на приватноста на пораките со пријателите и семејството на кој било начин”, соопшти компанијата WhatsApp. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести