9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Милинковиќ-Савиќ преку социјалните мрежи најави заминување од Лацио?

Најчитани вести

Во изминатиов период доста се шпекулираше дека Сергеј Милинковиќ- Савиќ ќе си замине од редовите на Лацио.

Најгласни беа шпекулациите кои го поврзуваа со премин во МанчестерЈунајтед каде би пристигнал како замена за Пол Погба кој ова лето или следното со сигурност ќе си замине од клубот.

Сега, Србинот на социјалната мрежа Инстаграм објави неколку фотографии под кои напиша текст кој може да се протолкува на неколку начини. Многумина побрзаа и напишаа дека со објавата тој го најавил заминувањето од редовите на Лацио.

– Среќен што го носев дресот со орел на градите четири години, -објави Милинковиќ- Савиќ.

Сепак, постои веројатност истата да е поврзана и со неговиот престој во Рим каде пристигна на крајот на месец јули пред точно четири години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com