28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Милик му се закани на Анчелоти откако и даде гол на Македонија

Најчитани вести

Аркадиуш Милик со одмерен и силен удар го совлада Столе Димитриевски и ги постави конечните 2:0 на вчерашниот меч меѓу Полска и Македонија кој се одигра во Варашава, а веднаш по средбата на „Националниот стадион“, напаѓачот кој е резервист во системот на Бржечек му се закани на Карло Анчелоти, но пред се на управата на Наполи.

Со вчерашната победа, Полска и дефинитивно го завери својот пласман на Европското првенство, а Милик е свесен дека ќе има далеку поголеми шанси за играње на важниот турнир и дека ќе биде многу поважен за неговата селекција ако има редовна и поголема минутажа во својот клуб.

– Сакам да играм нешто повеќе од 15 минути на меч, засега ќе кажам толку, ништо повеќе. Мојот гол беше важен, Левандовски фантастично ми ја додаде топката и среќен сум поради тоа што и помогнав на селекцијата да се пласира на Европското првенство. Ќе видиме дали ќе бидам дел од третиот голем турнир како член на Полска, – изјави Милик кој се закани дека може да си бара нова средина во јануари доколку не добива посакувана минутажа во Наполи.

– Сакам да го пречекам Европското првенство со солидна минутажа и регуларно играње на натпреварите, ако не го добијам тоа, работите ќе се променат и ќе биде тешко за мене, – додаде напаѓачот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести