22.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Милер: Самоуништивање, требаше да победиме 5:3 или 6:3

Најчитани вести

Фудбалерите на Баерн Минхен го забележаа првиот пораз во Лигата на шампионите, во ерата на тренерот Ханс-Дитер Флик. Европскиот првак, синоќа во реприза на последното финале, загуби во Минхен од ПСЖ со 2:3.

Баерн доминираа во текот на целиот натпревар, но немаа одговор за брзата транзиција на противникот. ПСЖ од четири шанси постигнаа три гола.

Томас Милер, стрелецот на вториот гол за Баварците, оценил дека Баерн „си пукал во ногата“.

„Мораме да постигнуваме повеќе голови. Секогаш може да зборуваме за одбраната, но мислам дека на никого немаше да му биде жал доколку победивме со 5:3 или 6:3. Се самоуништивме. Сега мораме да ја бркаме разликата“, рекол по натпреварот Томас Милер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести